Сите знаеме дека е бескорисно да ја закопаш главата во песок. Потребно е реално да се погледне ситуацијата, да се направи ефективен план за ефективна брза отплата и потоа да се држиме до тој план. Бесмислено е да ги проколнуваш твоите кредити. Финансискиот просперитет започнува со прифаќање на одговорноста. Имаме кредити, затоа што решивме да ги земеме. И сега ќе излеземе од тој хаос. Се додека не се соочиме со се што имаме и не го видиме отворено, не можеме да направиме ефективен план.
Бесмислено е да ги проколнуваш твоите кредити.

Ако сакаме да рефинансираме кредити, прво мора да запишеме: каде плаќаме, колку се ануитетите, колкава е каматата, колку е ратата, уште колку години треба да вратиме, колку вкупно се уште треба да се врати назад. Само тогаш можеме да разговараме и да бараме подобри понуди. Нема да функционира без оваа анализа, бидејќи најпрво ќе ги бараат овие податоци. Доколку покрај договорот за кредит немате амортизационен план кој ја следи вашата договорна обврска, а сигурно сте го добиле заедно со договорот за кредит кога сте го потпишале, сега е време да најавите посета на банката.
Тие ќе бидат среќни да создадат нов план за амортизација за вашиот заем, кој исто така ќе покаже колку веќе сте се исплатиле, и уште колку треба да платите. Зошто луѓето на прво место преземаат премногу долгови? Најверојатно затоа што не прават список и анализи и едноставно не знаат да ја проценат реалната финансиска состојба. БМВ го купуваат на рати оти „некако ќе им успее“, а немаат никаков финансиски план. Немаме ништо против дкупувањето автомобил на рати. Зборуваме само за тоа дека позади ваквата одлука мора да стои некој финансиски план што пие вода.
Луѓето можат да се задолжат и кога ќе наследат одредена сума на пари и ќе претераат со се. Наеднаш се зголемува апетитот, не се прави анализа која би спречила возрасен, зрел човек да ја надмине границата на своите можности.
Време е за акција! Од веб-страницата https://www.osebnefinance.si/vecer9/ Најпрво преземете го образецот Список на сите долгови и заеми. Подгответе ги сите документи, пресметајте и внесете во формуларот.
Ако целосно сте ги навеле вашите долгови и кредити, време е да започнете да ги наведувате вашите средства и долгови и да ја пресметате вашата нето вредност. На новинарите им се допаѓа. Секоја година подготвуваат листи на најбогатите. Но – според некои очигледни критериуми. Во реалноста, секој, сам за себе, може да пресмета сопствена нето вредност. Само вие знаете каде што имате, и што е дел од вашиот имот. Дали е тоа точно? Она што повеќе не го должите е ваше. Преземете го вториот формулар – Список на нето средства од веб-страницата https://www.osebnefinance.si/vecer9/. Овде се внесува вредноста на автомобилот, недвижен имот, готовина, акции, златници… Од тоа ги одземате долговите и го добивате нето салдото на имотот.
Зошто е важно да се знае ова?
Само кога ќе ја имаме вистинската ситуација пред очи, само тогаш можеме да напредуваме на патот кон финансиска независност или изобилство. Во овој момент, можете и отворено да пресметате како да го поделите имотот во случај на развод. Брзо ќе сфатите дека разводот не вреди… Темата не е пријатна, но е многу важна, а ако се решат овие работи, полесно е да се спие и да се дише. Докажано е дека паровите кои се подготвени отворено да разговараат за овие работи ретко завршуваат со раскинување.
Онаму каде што нема отвореност и искреност, прифаќање и доверба, разводите се многу почести.
Ние двајца се соочивме со ова прашање на нашиот прв одмор на далечна дестинација. На романтичните Малдиви. Смиљан прочита книга од Доналд Трамп и Бил Занкер. Ова е книгата првично насловена Think BIG и Kick Ass in Business and Life. Тој зборуваше за позитивните ефекти од подготовката за потенцијален развод пред тој да се случи. Темата и времето за ваква дебата за време на романтичен коктел дефинитивно не беа вистински. Но, научивме многу од таа ситуација, откако и Хелена ја прочита книгата.
Дури и предбрачните договори, колку и да изгледаат ладни, можат да не спасат од непотребни проблеми.
Се разбира, обично не влегуваме во брак со очекување дека еден ден ќе се разведеме, но тоа е животот. Треба да размислите за такви работи, да ги договорите и потоа да живеете поопуштено и безгрижно.
Тука повторно ги допираме нашите вредности и перцепцијата за парите. Многу е важно како гледаме на парите и како го доживуваме светот. Ако веруваме дека живееме во сиромаштија, ќе го постигнеме тоа; ако веруваме (иако медиумите и нашето опкружување не убедуваат во спротивното) дека сè на светот е обилно и доволно за секого, полесно ќе ни биде да создадеме богатство. Исто така, треба да се расчистат предрасудите за богатството.
Дали сме поголем придонес за себе и за сите околу нас, ако сме сиромашни или ако имаме доволно пари да не им бидеме товар на другите, па дури и да им помогнеме?
Во својата книга Разбудениот милионер, Џо Витал прекрасно објаснува: „Парите секогаш ќе бидат во склад со вашиот начин на размислување, тој исто така објаснува зошто „парите во никој случај не се коренот на секое зло.“ Тој вели и (потврдува низ неговиот фасцинантен живот, што од бездомништвото го доведе до мултимилијардер) дека изворот на сето зло не е љубовта кон парите, т.е .
Како да помогнеме некому, ако немаме доволно ни за себе?
Во нашиот бизнис често слушаме дека парите не се сè. Се согласуваме: парите не се сè и не е сè за парите. Но, тоа е сепак важен дел од нашиот свет. Некои навистина им придаваат премногу значење на парите, а други премалку. На парите треба да им се посвети барем исто толку внимание како и на другите области од нашиот живот. Не е добро да го дефинираме како инфериорно и да го наведуваме, на пример, здравјето како наш најголем адут. Животот треба да биде избалансиран. Треба да се однесувате со вашето тело одговорно и да покажете благодарност со тоа што ќе се грижите за него, како и доследно да се грижите за вашето семејство, односите, личниот развој, кариерата и, се разбира, финансиите.